Претседателот на Словенија, Борут Пахор на Конференција на Јадранскиот парламент изјави дека земјите од Западен Балкан треба да работат на тоа да станат поатрактивни за Европска унија.
Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, преку неговиот официјален Твитер профил ги демантира објавените информации во весникот “Ефимерида тон синдактон”, дека телефонски разговарал со премиерот и објаснува дека предлогот пред претставниците на американската администрација бил даден од него како коалициски партнер, и го обврзува само него, јави дописничката на МИА од Атина.
Итно свикување на состанок на парламентарната Комисија за надворешни прашања и одбрана и известување од надлежните министри Никос Коѕијас и Панос Каменос, меѓу другото и за „македонското прашање“ , бараат 14 пратеници од Нова демократија, кои што се членови на Комисијата.
Хрватската полиција запре возило на српската Влада и поради сообраќаен прекршок возачот го казни со 40 евра.
Поддршка за Договорот од Преспа и негова комплетна имплементација изразил функционер од Стејт департментот во изјава за грчкиот информативен портал Реал.гр.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека се надева оти пред идната пролет Косово ќе постигне договор со Србија, кој би вклучувал промена на границите и размена на територии.
Вкупната помош од ЕУ за справување со миграциската криза во Грција достигна 1,69 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Европската комисија.
Планот Б за Договорот од Преспа со потпишување меѓудржавни договори со земјите од регионот и отворањето нови американски бази во Грција - предлозите на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос за време на неговата посета на САД, предизвикаа реакции во Грција.
Човекот осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлен во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе.
Министрите за надворешни работи на Македонија, Бугарија, Албанија и домаќинот Грција, на почетокот на ноември ќе одржат нова квадрилатерална средба во Солун.