Двајца албански тинејџери биле претепани во Нови САД, по што едниот е во животна опасност.
Британски „Тајмс“ објави текст под наслов „Џихадистите на ИД се вратија во Косово и подготвени се да умрат за калифатот", во кој се вели дека, според она што е познато на властите во Приштина, од 2012 година, 348 возрасни лица заминале во Сирија да и се приклучат на ИД.
Ќе сториме се што може за да го зачуваме мирот и безбедноста во регионот, изјавија денес српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во разговорот на посебниот настан-Лидерство за регионална безбедност, во рамките Белградскиот безбедоносен форум.
Српскиот пратеник Муамер Зукорлиќ доби службено обезбедување по примените закани за ликвидација од страна на терористичката „Исламска држава“.
Ќе треба да почекаме што ќе одлучи соседната земја, но ние како Грција треба да им помогнеме на малите земји од Балканот, да ги одведедеме во Европската унија, порача од грчкиот остров Крит, лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека идејата за корекција на границите е „мртва“ и им изрази сочувство на тие што се залагаа за размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од 7 до 20 октомври албанската Електродистрибуција ќе увезе 112 илјади мегават часови електрична енергија, во вредност од 9,3 милиони евра.
Основниот суд во Приштина и изрече мерка притвор во траење од 30 дена на Сузана Зогиани-Секираќа, која е осомничена дека со секира го убила својот сопруг Артан Секираќа во нивниот дом во местото Дол во округот Жира во Франција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Европската комисија побара брза и темелна истрага за свирепото убиство на бугарската новинарка, Викторија Маринова, нагласувајќи дека „нема демократија без слободни медиуми“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Претседателката на албанското опозициско Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ), Моника Круемади, изјави дека земјата се наоѓа во многу тешка економска и политичка состојба, за што, според неа, главен виновник е премиерот Еди Рама.