Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој од вчера учествува на регионалниот собир на бизнис лидери од регинот САМИТ 100 во Белград, денеска ќе се обрати на панелот „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе разговара во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин, и според него тоа е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со него во изминатите години, јави Танјуг.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека ја добил поддршката на САД за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во Вооружени сили, односно војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На вчерашниот референдум во Македонија гласачите ја искажаа својата желба за разрешување на долгогодишниот спор со нивниот сосед Грција за името на земјата и преземање позитивен чекор кон евро-атлантска интеграција.
Претседателот на опозициското Движење на слободни граѓани Саша Јанковиќ, испрати порака за поддршка до македонскиот премиер Зоран Заев, со апел да продолжи со напорите за решавање на клучните прашања и со модернизација на Македонија.
Албанската опозиција ја разгледува можноста за тотален бојкот на Парламентот. Ова за тиранската телевизија „Ора њуз“ го потврди Клајда Ѓоша, пратеничка од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), која е дел од обединетата опозиција предводена од Демократската партија.
Претседателот на Демокртатската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели реши да повлече тројца министри од редовите на неговата партија, со цел да ја „исчисти“ косовската Влада од луѓето блиски на претседателот на Косово и основач и доскорешен лидер на ПДК, Хашим Тачи, пишува порталот „Газета Експрес“.
Министерот за инфраструктура на Косово, Паљ Лекај, денеска во близина на Качаник одблизу го следеше почетокот на асфалтирањето на мостот на автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува косовскиот главен град со Македонија, до границата кај Генерал Јанковиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вкупно 70.000 евра биле предвидени за нарачаното убиство на словачкиот истражувачки новинар Јан Куцијак и неговата свршеница оваа година, информира денеска специјален обвинител, кој побарал да остене анонимен.
Ние од наша страна продолжуваме да ги поддржуваме големите напори на господинот Заев, продолжуваме да ја поддржуваме потребата за зачувување на моментумот на Договорот од Преспа, бидејќи сметаме дека е штета да се изгуби големата шанса за да се реши едно прашање што го измачува Балканот околу 30 години, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите.