Цел спрат од затворот во Шевенинген се празни, а тоа се најмалку 12 ќелии, за потребите на Специјалниот суд за Косово, изјави денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
Албанската полиција соопшти дека е разбиена криминална група,дел од меѓународна мрежа, која организирала нелегален влез на албански граѓани во Велика Британија, САД и Канада.
Поплавени и затворени улици, потонати чамци и материјална штета остави зад себе циклонот „Зорбас“ во делови од полуостровот Пелопонез и областа Атина (поширокиот регион на Атина) во текот на вчерашниот ден.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека упадот на РОСУ на Газивода е провокација и јасно кршење на Бриселскиот договор, за што се уште нема реакција од меѓународната заедница.
Пратеникот од Српска листа, Игор Симиќ изјави денеска дека барикадите се повлечени од општината Зубин Поток, по апелот на српскиот претседател, но според него се уште се чувствуваат тензии.
По третпат од 26 март на апсолутно непримерен начин е загрозен мирот, нагласи во вонредното обраќање до нацијата српскиот претседател Александар Вучиќ.
Поранешниот заменик шеф на ЦИА за Балкан, Стивен Маер изјави за Новости дека не верува оти Вашингтон ќе се спротистави на промена на граници на Балканот. Тој додава дека во американската политика спрема Косово и целиот регион, се случила голема промена.
Селото Пустец во областа Мала Преспа, лоцирано покрај брегот на Преспанско Езеро, ќе биде опфатено со проектот на албанската влада „100 села“, соопшти премиерот Еди Рама на средбата со жителите на плоштадот „Гоце Делчев“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека денеска имал чест да се прошета по северот на Косово и со чамец да се повози по езерото Газивода, на границата меѓу Србија и Косово, јави агенцијата Фена.
Агенцијата Косова прес околу 14 часот емитувала снимка на која се гледа како Хашим Тачи се вози по езерото Газивода, а на приштинските портали објавени се и фотографии и видео снимки од неговиот престој таму, јави Танјуг.