Грчката државна новинска агенција АНА-МПА квизот што редовно го објавува на својот официјален сајт овој пат го посветува на Македонија и ги повикува читателите да одговорат на пет прашања, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на средбата во Њујорк со косовскиот претседател Хашим Тачи, вети поддршка за Косово за обезбедување нови признавања на независноста, како и за зачленување во Интерпол на Генералното собрание на организацијата, што во ноември ќе се одржи во Дубаи, соопшти кабинетот на Тачи.
Пратеникот од грчката партија Река, Спирос Данелис, во интервју за МИА говори дека Договорот од Преспа е праведен, напреден и одржлив компромис и договор што ги почитува приоритетите и чувствителностите на двете страни.
Европскиот парламент „силно ги охрабрува“ српските власти да ги засилат напорите за унапредување на сосотојбата со слобода на изразувањето и медиумите, се наведува во компромисниот извештај на известувачот за Србија, Дејвид Мекалистер.
Русија, заедно со Кина, се единствените земји кои на 73-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк не ги претставува претседателот или премиерот, што го покрена прашањето зошто на овој собир не дојде шефот на руската држава Владимир Путин, наведува „Вечерње Новости“.
Меѓународната бонитетна агенција „Мудис“ најави дека е можно да го намали кредитниот рејтинг на Грција, доколку Владата и Парламентот не го реализираат планираното ново намалување на пензиите.
Министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Романија и Хрватска, до крајот на годинава планираат да ги посетат Македонија и Албанија. Ова, според шефот на грчката дипломатија, било договорено на квадрилатералната средба во Њујорк на која учествуваа шефовите на дипломатиите на четирите земји од регионот, членки во ЕУ.
Косовскиот пратеник и новинар Миљаим Зека, кој беше уапсен вчера заради јавни закани изречени кон обвинител од Специјалното обвинителство на Косово, им изјави на претставници на Советот за заштита на човековите права и слободи (КМДЛЊ), кои го посетија во притвор, дека не бил малтретиран од полицијата, а апсењето го смета за политичко.
Во рамки на стратегијата за зголемување на наталитетот, албанската Влада од 1 јануари 2019 година ќе доделува еднократен паричен надомест, во различен износ, за секое новороденче.
Грчката агенција за независни приходи, пресметала дека грчката влада од неплатените даноци на домаќинства и компании може да собере 182,5 милијарди евра, а тоа е половина од јавниот долг на Грција. Агенцијата ги достави тие информации до Парламентот.