Градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ најави дека ќе ја поддржи иницијативата за иградба на споменик на Јосип Броз Тито во главниот град на Црна Гора, чие име (Титоград) градот го носеше 47 години.
Грчките власти повлекле од пазарите за овошје и зеленчук во Атина 4,6 тони домати увезени од Албанија и од Италија,поради големо присуство на опасни пестициди.
Албанскиот претседател Илир Мета присуствуваше на приемот организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Две третини од Србите имаат негативен став кон Албанците како и две третини Албанци спрема Србите, иако само петтина Срби лично познаваат Албанец и само шест отсто Албанци имаат познаник меѓу Србите, покажуваат резултатите од анкетата на Фактор плус.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој ја предводи делегацијата на неговата земја на Генералното заседание на ОН во Њујорк, изјави дека од претставници на САД, со кои се сретнал, добил уверување дека Вашингтон го поддржува дијалогот што го води со неговиот српски колега Александар Вучиќ и ќе го почитува тоа што Приштина и Белград ќе го договорат, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот министер за надворешни работи Беџет пацоли изјави дека меѓу Србија и Косово не би требало ни да постои граница и оти „топката треба да се префрли на економско поле“.
Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.
Лидерот на албанската опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша отворено се закани дека сите оние кои ќе се обидат да го урнат Националниот театар во Тирана, истото ќе ги снајде и нивните домови.
Косовската полиција денеска го уапси пратеникот и новинар Миљаим Зека заради закани изречени кон обвинителот во Специјалното обвинителство на Косово, Африм Шефкиу.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Њујорк изјави дека најмногу е заинтересиран во рамките на седницата на Генералното собрание на ОН да разговара со „земјите кои ја признаа еднострано прогласената независност на Косово“ за повторно да ја преиспитаат нивната одлука.