Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа, почитувајќи го својот партнер, но и своите меѓународни обврски, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Контра“.
Од Западнонилска треска починале 27 лица во Грција, соопшти Националниот центар за контрола и профилакса на болести.
Претседателката на третата по голема албанска политичка партија, Движењето за социјалистичка интеграција, Моника Круемади изјави дека доколку би имала 92 пратеника ќе го разреши Илир Мета од фунцијата претседател на државата.
Единствен добар начин за да се решат прашањата во рамките на дијалогот меѓу Србија и Косово е помирување и повеќе „толернација и прифаќање на различностите“, а не промена на границите, изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска престојува во посета на БиХ, за време на која ќе отпатува во Сараево и Бања Лука.
Косовскиот претседател Хашим Тачи се обидува да издејствува право да потпише договор со Србија за конечно решение на споровите меѓу двете земји без тој договор да се ратификува во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пратеникот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Либурн Алиу побара од косовскиот претседател Хашим Тачи да потпише договор со претставниците на албанските политички субјекти од јужна Србија, односно од Прешевската Долина, со кој формално ќе се обврзе да работи на припојување на овој регион кон Косово.
Позициите на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа и ставот дека партијата нема да гласа за ратификацијата кога Договорот ќе дојде во грчкиот парламент, му ги пренел Кирјакос Мицотакис на министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, соопштуваат од Нова демократија.
Албанскиот Парламент, без присуство на опозицијата, со 75 гласови „за“ниту еден против или воздржан, го усвои законот за Националниот театар.
Албанскиот премиер Еди Рама, од собраниската говорница, денеска ја обвини опозицијата дека прави „дволичен напор да го заштити Националниот театар“.