Пратеникот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Либурн Алиу побара од косовскиот претседател Хашим Тачи да потпише договор со претставниците на албанските политички субјекти од јужна Србија, односно од Прешевската Долина, со кој формално ќе се обврзе да работи на припојување на овој регион кон Косово.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, пратеникот на ВВ смета дека, по договорите со Србија во минатото, време е Тачи да склучи договор и со Долината.

- Хашим Тачи, како претседател на Република Косово треба да склучи писмен договор кој ќе го потпише со политичките и легитимните претставници на Прешево, Медвеѓе и Бујановац, за обединување на источно Косово (Прешевската Долина, н.з.) со Косово. Претседателот Тачи има склучено договори со Србија во минатото и покажува подготвеност за нови договори и во иднина. Но, сега е време кога своите заложби претседателот треба да ги преточи во потпишан договор со Прешево, Медвеѓе и Бујановац, напиша Алиу на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 19:39