Мнозинство за ратификација на договорот од Преспа постои во грчкиот парламент и јавно е изразен од партијата СИРИЗА, партијата Река и одредени пратеници, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас по средбата со неговиот германски колега Хајко Мас.
Бугарскиот Парламент денеска избра тројца нови министри - за внатрешни работи, за регионален развој и транспорт, по „вжештувањето“ на дебата во јавноста за способноста на Владата во врска со квалитетот на патиштата и безбедноста на сообраќајот.
Земјата е во вонредна национална состојба, повеќе не постои држава, нема судство и обвинителство, се носат закони за да се полнат џебовите на албанскиот премиер Еди Рама, па во вакви услови опозицијата не се враќа во Парламентот, изјави во Валона лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, пренесувајќи го ставот на албанската обединета опозиција.
Иако се уште не се знае кога точно ќе се одржи наредната средба во Брисел во рамките на финалната фаза од преговорите меѓу Косово и Србија, од Кабинетот на косовскиот претседател Хашим Тачи тврдат дека на неа ќе се разговара за барањето на Албанците од Прешевската Долина за обединување со Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанската опозиција продолжува со бојкотот на Собранието и денеска наместо во собраниската сала ќе заседава во приморскиот град Валона.
Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска во Белград потпишаа Договор за активностите на Европската агенција за контрола на надворешните ганици - Фронтекс во Србија.
На словенечките патишта се повеќе се возат луксузни автомобили со словачки регистарски таблички, пишува порталот „Фајненс“ при тоа прашувајќи како дошло до тоа кога Словачка има речиси за третина помал БДП по жител од Словенија.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас денеска со посета на Грција, ја завршува турнејата низ земјите од балканскиот регион.
Хрватската полиција е способна сама да ги конттолира своите граници и не и треба дополнителна помош од Европската агенција за гранична контола - Фонтекс, изјави синоќа во Салцбург, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, ги предупреди пратениците на владејачката Социјалистичка партија дека доколку на утрешната седница го изгласаат законот за уривање на Националниот театар во Тирана, опозицијата ќе ги смета за терористи.