На словенечките патишта се повеќе се возат луксузни автомобили со словачки регистарски таблички, пишува порталот „Фајненс“ при тоа прашувајќи како дошло до тоа кога Словачка има речиси за третина помал БДП по жител од Словенија.

Побогатите Словенци пронашле начин да го заобиколат данокот на моторни возила и спортските автомобили да ги донесат во земјата и за 100.000 евра помалку отколку во Словенија.

- Словенечките даночни обврзници прво отвораат компанија во Словачка. Според тамошните правила, им се одбива влезен ДДВ од купување возила без оглед дали тоа е основно средство клучно за остварување приходи, објаснува еден словенечки даночен советник.

- За тоа одбивање не е потребно да се има регистрирана дејност и да ја извршувате врз основа на таков имот, како што би била на пример такси услуга. Се разбира, компанијата мора да биде активна, да го покрива влезниот ДДВ со приходи и да го плати, објасни тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2018 10:49