Павлос Фисас е еден од водечките симболи на нашата ера во борбата против фашизмот, ксенофобијата и расизмот, напиша грчкиот премиер Алексис Ципрас на неговиот официјален Твитер профил, по повод петгодишнината од убиството на тогаш 34-годишниот музичар Фисас од припадник на Златна зора.
Претендираме да ги убедиме и Панос Каменос и неговите пратеници за корисноста на Договорт од Преспа и верувам деке ќе го постигнеме тоа, а грчкиот Парламент ќе го ратификува овој договор, вели министерот за дигитална политика на Грција, Никос Папас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“.
Градските власти на Белград најавија дека од 2020 година ќе го забранат користењето на пластични ќеси.
Никој нема намера да ги менува границите со сила, тоа ќе биде со договор или нема да се случи, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, нагласувајќи дека и меѓународниот принцип предвидува не менување на границите со сила.
Очекуваме позитивен резултат од референдумот и му посакуваме успех на Заев, порача портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа што Грција очекува од референдумот кај нас.
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска ги негираше информациите дека се разговара за центри за мигранти во Србија, како и за доаѓање на европската гранична служба Фронтекс да ги чува границите на Европската унија.
На ослободувањето од понатамошното издржување на затворската казна на Ермал Хоџа, внук на поранешниот диктатор на Албанија Енвер Хоџа, експресно реагираше лидерот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша. Пред новинарите тој изјави дека Хоџа бил ослободен за „добро однесување“ откако не ја издал соработката со Олси Рама, брат на премиерот Еди Рама.
За американската поддршка на референдумот и на Договорот од Преспа, но и за тврдењата за руско влијание во Македонија, пишуваат грчките медиуми по вчерашната посета на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис и средбите со македонскиот државен врв.
Претсдедателот на Косово Хашим Тачи вели дека е сигурен дека Косово ќе биде признаено од Србија, без оглед на тоа што шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека то може да се случи „само кога врбата ќе роди грозје“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанската полиција во градот Берат заплени 441 килограми марихуана обработени во форма на чоколада, два килограми хероин,помала количина кокаин и рачни гранати.