Албанската полиција во градот Берат заплени 441 килограми марихуана обработени во форма на чоколада, два килограми хероин,помала количина кокаин и рачни гранати.

Полицијата трага по Л.Б.(47) жител на Берат во чиј дом е пронајдена запленатата стока.

-Во рамките на акцијата„ Калаја“(Кула), при контрола во домот на лицето Л.Б. во населбата „13 септември“ во градот Берат пронајдени се 441 килограми марихуана обработени во форма на чоколада, 2,5 килограми хероин, помала количина кокаин, сандук со 75 рачни гранати и електронски ваги кои се запленети како доказен материјал,-стои во полициското соопштение.

Во меѓувреме, италијанската полиција во Фоџа запленила 800 килограни марихуана и уапсила двајца Албанци.

Уапсените Марсел Браколари и Џулиано Хаџирај, биле запрени од полицијата во моментот кога дрогата,која потекнува од Албанија, ја транспорирале со комби возило,во кое имало уште две лица но тие успеале да избегаат.

Според италијанската полиција вредноста на дрогата на нарко пазарот се проценува на околу шест милиони евра.

Само пред два дена италијанската полиција на крајбрежјето кај Виесте,заплени моторен чамец натоварен со два тона марихуана. Во акцијата беа уапсени и двајца Албанци.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 13:33