Ослободен е од понатамошно издржување на затворската казна Ермал Хоџа, внук на поранешниот претседател на Албанија,Енвер Хоџа,кој поради шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа беше осуден на 10-годишна затворска казна.
Пратеникот во Европскиот Парлемент (ЕП) Лукас Мандел им порача на граѓаните на Косово дека по укинувањето на визниот режим, што се очекува во наредните неколку месеци, воопшто нема да имаат изгледи да добијат азил во земјите на Европската унија (ЕУ), јави дописникот на МИА од Приштина.
Помошник- министерот за внатрешни работи на Србија и шеф на одделот за меѓународна соработка, европски прашања и планирање Зоран Лазаров, денеска објави дека не е потпишан договор меѓу Србија и ЕУ, што го спроведува Фронтекс.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека имал разговор со официјални лица на Стејт департментот и дека рекле оти не сугерираат решение, кое вклучува размена на територии или прашање на границите во дијалогот Белград и Приштина, пренесува денеска „Клан Косова“.
Британскиот весник Економист оценува дека само придвижувањето на идејата „за размена на територии меѓу Косово и Србија“ која, како што наведува, не е лесно изводлива, отвора нови „перспективи“ за регионот.
Според податоци на Централната банка на Црна Гора, долгот на граѓаните на таа држава по основ на кредити е 1,2 милијарди евра.
Србија се согласила да обезбеди пристап на граничарите од Фронтекс, објави Дојче веле на српски јазик, повикувајќи се на извори од Брисел. Планот е дел од стратегијата на ЕУ за зајакнување на контролата на границите и зголемување на бројот на депортации.
Во интервју за утринската информативна емисија „Добар ден Грција” на грчката телевизија Антена, коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата пред договорот да дојде во парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на денешната седница на Комисијата за Договорот за стабилизација и асоцијација, која ја сочинуваат пратеници на косовското Собрание и на Европскиот парламент, повторно се спротивстави на идејата на претседателот на Косово, Хашим Тачи за „корекција на границите“ со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот претседател Илир Мета денеска на средба со папата Франциско во Ватикан му искажа „огромна благодарност“ за извонредниот придонес на Светата Столица за духовната и социјална преродба на католичката заедница и албанскиот народ, посебно по излезот од долгата изолација и воведувањето на плурализмот во Албанија.