Помошник- министерот за внатрешни работи на Србија и шеф на одделот за меѓународна соработка, европски прашања и планирање Зоран Лазаров, денеска објави дека не е потпишан договор меѓу Србија и ЕУ, што го спроведува Фронтекс.

- Познато е дека постои постапка со која е потребно парафирање таков вид договор, а потоа потпишан и ако е потпишан таков договор, ќе треба да се оди во Националното собрание на Република Србија на ратификација според задолжителната постапка, бидејќи не може да стапи на сила додека не биде ратификуван, вели Лазаров.

Тој, исто така, посочи дека ако претставниците на Фронтекс се стават на српски граници, нивната улога би била заштита на државните граници од мигрантите, само во соработка со српската полиција.

„Дојче веле" вчера објави дека во Брисел тврдат оти Србија се согласила да обезбеди пристап на граничната полиција на Фронтекс и тврдеше дека комесарот за бегалци на ЕУ, Димитрис Аврамопулос, веќе постигнал соодветни договори со Србија, Албанија и Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 11:45