Косовскиот вицепремиер Фатмир Лимај, кого премиерот Рамуш Харадинај го именуваше за предводник на владиниот тим за преговори со Србија, изјави дека е подготвен водењето на овие преговори да и го препушти на опозицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој истакна дека српската политика е заснована на сопствените интереси и дека Србија треба да има добри односи со сите светски сили со кои тоа е можно.
Тој додаде дека американскиот став е прилично конзистентен по прашањето за можната промена на границите меѓу Косово и Србија, а тоа е дека решението мора да произлезе од страните во спорот.
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека не поднел барање до српските власти за дозвола за посета на Прешевската Долина, затоа што, како што рече, го знае одговорот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседавачот на Надворешно-политичката комисија на Европскиот парламент (АФЕТ), Дејвид Мекалистер изјави дека претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се решени да ги подигнат односите меѓу Белград И Приштина на повисоко ниво.
Во голема заедничка акција на италијанската, германската и албанската полиција против недозволена трговија со дрога, уапсени се 20 лица, членови на две криминални групи шверцери на дрога.
Албанската обединета опозиција предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша, продолжува со бојкотот на работата на Парламентот на Албанија.
- Се надевам дека сѐ ќе оди по план и дека за неколку месеци земјата ќе го смени името и Уставот, дека ќе биде Северна Македонија, изјави Ципрас.
Од клучно значење е да се финализира договорот за да одите напред, вели американскиот сенатор Рос Џонсон, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во своето обраќање пред Европскиот Парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го Преспанскиот договор “врвот на нашите напори“.