Претседавачот на Надворешно-политичката комисија на Европскиот парламент (АФЕТ), Дејвид Мекалистер изјави дека претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се решени да ги подигнат односите меѓу Белград И Приштина на повисоко ниво.
Според Мекалистер, се уште не може да се претпостави кога Белград и Приштина би постигнале целосен договор, но Тачи и Вучиќ покажале дека се посветени на нормализирање на односите.
- Јас разбирам дека дијалогот е многу тежок. Сепак, има позитивни сигнали за изградба на меѓусебна доверба. Двете страни ја овозможија посетата на Александар Вучиќ на северот на Косово. Би било позитивно доколку следната рунда разговори во Брисел се одржи пред крајот на овој месец, изјави Мекалистер.
Според него, нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина би придонела за благосостојба и за стабилност на регионот на Западен Балкан и на цела Европа.