Оперативна група на британската разузнавачка служба МИ6 завчера од Македонија е префрлена на Косово и тоа поради најавената посета на српскиот претседател Александар Вучиќ.
- Утре, на највисоко ниво, продолжува работата која е веќе интензивирана во претходните недели и месеци, изјави вчера Коцијанчиќ.
Владата на Црна Гора денеска решила да прими пет мигранти од Италија, за да им помогне на италијанските власти да се справат со групата од 140 луѓе кои пристигнаа со брод од Африка, јави ХИНА.
Албанската опозициска Демократска партија покренува уставна иницијатива за проверка на потеклото на имотот и можна поврзаност со криминални групи (ветинг) и за политичарите.
Премиерот Еди Рама доцна попладнево беше дочекан со протести во градот Елбасан, каде допатува на средба со група просветни рабоници, пред почетокот на новата учебната година, која во Албанија почнува на 17 септември.
Претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели објави денеска попладне, по последниот неуспешен обид за расправа за преговорите со Србија, дека првата следна собраниска седница ќе се одржи на 13. септември.
Се надеваме дека набргу ќе се ратификува Договорот што ќе придонесе за стабилност во регионот, порача министерот за надворешни работи и европски прашања на Франција по средбата со неговиот грчки колега.
Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ се изјасни како невин во судскиот спор против него што се води по обвинение за наводните злоупотреби при организирањето на успешниот референдум за зачувување на традиционалната дефиниција на бракот во 2013 година.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, му порача денеска на Кадри Весели дека Белград ги разбрал заканите кои тој ги упатил кон српскиот претседател Александар Вучиќ и го предупреди да не презема никаква акција против српскиот претседател.
Косовското Министерство за надворешни работи потврди дека му издало дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ за викендов да го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.