Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, му порача денеска на Кадри Весели дека Белград ги разбрал заканите кои тој ги упатил кон српскиот претседател Александар Вучиќ и го предупреди да не презема никаква акција против српскиот претседател.

Претседателот на косовскиот парламент, Весели, претходно денеска се закани со поништување на дозволата на Вучиќ за да го посети Косово и дека ќе помине на истиот начин како и Марко Ѓуриќ, доколку, како и Ѓуриќ, дојде во посета.

- Ги разбравме заканите кои Кадри Весели му ги испрати на српскиот претседател Александар Вучиќ и, доколку нешто му се случи на Косово, ќе знаеме кој ќе биде одговорен, истакна српскиот министер.

Стефановиќ додаде дека „не го изненадува што за Вучиќ зборуваат истото Весели и Ѓилас, исто како Харадинај и Јеремиќ, Љимај и Сава Јањиќ, но дека е загрижен зошто меѓународната заедница молчи и се обидува да направи лажно поистоветување, повикувајќи, како што честопати велат двете страни, на воздржување од конфликти, меѓу оние на кои ниту една еднаквоста во оваа смисла не може да има ", кажа Стефановиќ во својата изјава за Танјуг.

Тој порача дека Александар Вучиќ сака мир на Косово.

- Но, очигледно на раководството на Албанците во Косово потребен им е некој во Србија кој ќе се согласи на понижувње на Србите и на нашата држава, како што го правеа тоа до 2012 година, и бидејќи сега сфатија дека со Александар Вучиќ ова не е можно, тие се подготвени со него да се пресметаат со најбрутални варварски методи, изјави Стефановиќ.

- Барам од Кадри Весели, не затоа што се плашиме од него, туку поради целокупниот мир и стабилноста на Балканот, да не презема ништо против српскиот претседател, предупреди Небојша Стефановиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 15:55