Косовското Министерство за надворешни работи потврди дека му издало дозвола на претседателот на Србија Александар Вучиќ за викендов да го посети Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанската полиција денеска соопшти детали од големата акција за откривање криминални групи во северниот град Скадар, кои се поврзани со низа тешки кривични дела, кои, во овој град, се случија последните неколку месеци.
- Овде во Северна Грција постои уште еден облак што ја засенува атмосферата, заедно со облакот на даноците, на придонесите, на распаѓањето на државата, а се однесува на скопското прашање, рече Мицотакис.
Премиерот Еди Рама,експресно, преку социјалните мрежи, реагираше на обвинувањата на опозицијата во врска со криминалот во северниот град Скадар наведувајќи дека полицската статитстика јасно говори за залагањето на власта во сузбивањето на криминалот во земјата.
Албанската опозиција, предводена од Демократската партија на Љуљзим Баша ја бојкотира и денешната,втора,седница на Парламентот,по летните одмори,на која меѓу другото се расправа по ребалансот на буџетот за 2018 година.
Претседателот на кoсовското Собрание, Кадри Весели ја прекина седницата свикана по барање на опозицијата за расправа за дијалогот со Србија поради немање кворум, јави дописникот на МИА од Приштина.
Словенечката полиција уапси двајца мажи за кои се сомнева дека и припаѓаат на паравоена група, а откако на социјалните мрежи се појави снимка на групата, која се изјаснува за војска на Штаерска.
Претседателот на косовскиот Парламент Кадри Весели изјави денеска дека Приштина издала дозвола за посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, но дека таа одлука во случај на дестабиизација може да се промени.
Закажаните три различни и меѓусебно неповрзани протести, еден против договорот од Преспа од една, друг организиран од грчките синдикати за економската политика и трет од анархистичките здруженија и организации, во комбинација со фактот дека САД се почесна земја на саемот, доволни причини, Солун, в сабота да биде под драконски безбедносни мерки за време на свеченото отворање на 83-от Меѓународен саем, јави дописничката на МИА од Атина.
Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечерва ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.