Словенечката полиција уапси двајца мажи за кои се сомнева дека и припаѓаат на паравоена група, а откако на социјалните мрежи се појави снимка на групата, која се изјаснува за војска на Штаерска.
Полицијата потврди на Твитер дека по претрес на пет куќи во Марибор и околината, уапсила двајца мажи, но не прецизра дали се работи за членови на групата на Андреј Шишко.
Словенечкиот портал 24ур објави пред неколку дена дека поранешниот кандидат за претседател Шишко ја предводи т.н. „Штаерска гарда“, која ја формирал по прогласувањето на независност на источно словенечкиот регион минатата година.
Полицијата соопшти дека врз основа на снимката спроведува истрага.