Пратениците на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај нема да учествуваат на седницата на Собранието свикана на барање на опозициските партии на која ќе се расправа за нивната резолуција со која ќе се забрани преговарањето за границите на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Една 33 жена, нејзиниот 12 годишен син и 15 годишен внук биле убиени денеска во бугарскиот град Самоков.
Вонредната седница на косовското Собрание за избор на владиниот тим за преговори со Србија, на предлог од премиерот Рамуш Харадинај, првично закажана за вчера во девет часот наутро, по неколкуте неуспешни обиди за одржување во текот на вчерашниот ден, доцна синоќа беше закажана за денеска во 14 часот.
Гледам дека албанските официјални претставници од Косово не сакаат да зборуваат за Заедницата на српски општини, ниту за Северот, ниту за Газивода...
Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на дееншната прес-конференција во Бања Лука најави дека на 17 септември во посета на Република Српска (РС) доаѓа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Дачиќ најави дека тој и државниот врв на Србија по тој повод исто така ќе ја посетат Бања Лука.
Ризик од активирање на т.н. Балканска мигрантска рута во моментов не постои. Сценарио за повторување на ситуацијата од 2015 година засега е исклучено.
Размената на територии меѓу Косово и Србија е реална опција ако истраат на тоа локалните лидери, а дозволат големите сили, но тоа на долги патеки би бил чекор кон нови поделби и создавање на Голема Албанија,оценува во интервју за „Дојче веле“ (ДВ) Милан Нич, експерт од Германското друштво за надворешна политика.
Албанскиот претседател претпладнево упати порака по повод двегодишнината од прогласувањето на Блажената Мајка Тереза за светица.
Со одлука на Алексис Ципрас тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија кои над 20 години живеат во Грција и кои спасија десетици граѓани од пожарите во Атика во јули годинава, ќе добијат грчко државјанство.
Администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон им давала значајна политичка и финансиска поддршка на црногорските власти откако претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се дистанцирал од политиката на Слободан Милошевиќ, пишува локалниот весник „Вијести“.