Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ на дееншната прес-конференција во Бања Лука најави дека на 17 септември во посета на Република Српска (РС) доаѓа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Дачиќ најави дека тој и државниот врв на Србија по тој повод исто така ќе ја посетат Бања Лука.

Лавров во Бања Лука ќе присуствува на осветувањето на камен темелникот на Руско-српскиот центар во овој град.

На прес-конференцијата, претседтелот на РС Милорад Додик и Ивица изјавија дека соработката на РС и Србија е добра и да помеѓу Србија и БиХ нема отворени прашања.

Додик наведе дека прашањето за границата помеѓу Србија и БиХ за него е „формално“ и дека е неприфатливо истото се уште да не биде решено.

Тој посочи дека Србите од БиХ и Србите од Србија се „еден народ“, додавајќи дека РС и Србија се договараат за соработка во согласност со Спогодбата за специјални и паралелни врски.

Додик истакна дека РС ја смета Србија за гарант на Дејтонскиот договор, заблагодарувајќи и се на Владата и на раководството на Србија на помошта на општините и градовите во РС.

Дачиќ истакна дека Србија, сака добри односи со сите народи во регионот, додавајќи дека Србија го почитува Дејтонскиот договор и дека не сака да ја загрози стабилноста на БиХ и на РС.

Шефот на српската дипломатија истакна дека Србија нема намера да го дестабилизира регионот. Тој повтори дека во врска со важните животни прашања, не треба да се прави политичка приказна и дека на граѓаните најважен им е просперитетот.

Дачиќ во Бања Лука присуствува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 16:54