Сојузот за Србија, политички блок кој обединува 10 опозициски политички партии и движења, вечерва формално е основан во Белград, со потпишување на договор и усвојување на програма од 30 точки.
Италијанската полиција во близина на пристанишниот град Бридизи заплени 550 килограми марихуана произведена во Албанија.
Ме импресионираше тоа што бизнисмени од Солун на кои не им се доаѓа Договорот од Преспа, сепак се согласуваат дека имплементацијата ќе создаде нови и важни економски можности, вели амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат за неделното издание на „Катимерини“ и додава дека решението меѓу двете земји ги „отклучува“ односите со северните соседи.
Одделението за мигранти и бегалци во Србија информира дека во новата учебна годинаво училиште ќе појдат 344 деца од мигрантски семејства.
Потпретседателката на српската опозициска Демократска партија (ДС) Александра Јерков му честита на премиерот Зоран Заев на, „одговорните, мудри и храбри потези“ за решавањето на повеќедеценискиот спор со Грција.
Лидерот на косовското опозициско Движење Самоопределување (ВВ) Албин Курти го повика партиското членство да се мобилизира за, како што рече, „граѓански и мирни протести за да се застане на патот на криминалот кој се врши врз Косово и косовскиот народ“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи вчера се сретнал со дипломатските претставници на САД, земјите членки на Европската Унија, ОБСЕ, КФОР и ЕУЛЕКС, при што изјавил дека сега е моментот за голем историски договор меѓу Србија и Косово, кој ќе предвидува и „корекција на границите“.
Драган Човиќ, член на босанското колективно Претседателство од редовите на хрватската заедница, денеска изјави дека положбата на Хрватите во Босна е комплицирана и дека државата не е организирана согласно потребите на Хрватите.
На меѓународниот аеродром во Тирана, албанската полиција одземала 84.000 долари и 3.500 евра од патник кој претходно не ги пријавил парите.
Бугарското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело пријави против шест лица обвинети за перење пари. Според обвинението, еден од нив е Велчо Арабаџиев, син на бизнисменот Ветко Арабаџиев, кој е притворен на 72 часа. По таткото Ветко и мајката Маринела се трага со меѓународна потерница.