Одделението за мигранти и бегалци во Србија информира дека во новата учебна годинаво училиште ќе појдат 344 деца од мигрантски семејства.
Децата се распоредени во 33 училишта низ Србија, во градови каде се отворени центри за баратели на азил. Дополителни 33 деца ќе појдат во градинки и други институции за предучилишно образование. Европската унија го финансира превозот на децата до училиштата во дел од овие градови, јави ХИНА.
- Србија е една од ретките земји кои успешно ги вклучи децата на мигрантите во својот образовен систем, за што добива признание од меѓународната заедница, пред се од ЕУ, соопшти Одделението. Во Србија има пет постојани центри за азил и 10 прифатни центри, во кои се сместени 3.360 мигранти, повеќето од нив од Авганистан, Пакистан, Иран, Ирак и Сирија.