Германија се соочува со дуплирање на барањата за работни визи од балканските земји, а нејзините дипломати во регионот веќе не се во состојба да ги обработат сите барања, пишува „Шпигел“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се појасно е да ќе биде тешко да се дојде до било какво решение за Косово.
Сопствениците на странските компании кои имаат свои бизниси во Албанија добивката не ја користат за понатамошно проширување на активноста, туку веднаш ја транферираат во нивните земји. Експертот за економија, Селами Џепа, оценува дека ова е многу загрижувачка појава, бидејќи главен извор на странските инвестиции е реинвестираната добивка.
Со пораки за неопходноста од соработка и продолжување на евроинтеграциите со цел Европа да ја зајакне отпорноста на предизвикувачките кризи, како што е миграцијата, растот на популизмот и загрозување на основните вредности на Европска унија, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го отвори 13. Дубровник форум.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Кан денеска во Нови Сад пуштија во употреба мост, кој е граден на местот на стариот Жежелев Mост на Дунав, кој беше разурнат за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година.
Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан на денешната средба со српската премиерка разговараше за идните чекори во пристапувањето на Србија во ЕУ, за дијалогот Белград - Приштина и за други теми.
Во Тирана татко монструм цели 16 години сексуално ја злоставувал сопствената ќерка. Во полиција го пријавила ќерката, која сега има 25 години, а почнал да ја злоставува уште од нејзината деветгодишна возраст.
Ставовите дека Договорот од Преспа „на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент уште еднаш ги повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан организиран од подмладокот на Нова демократија.
Според податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, во минатата година во државата 625 луѓе извршиле самоубиство.
Албанија го поддржува продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија и го поттикнува спроведувањето на веќе постигнатите договори во текот на овој дијалог, со посредство на ЕУ.