Според податоци на хрватското Министерство за внатрешни работи, во минатата година во државата 625 луѓе извршиле самоубиство.

Од нив 157 се жени и 468 се мажи. Во истиот период обидот за самоубиство кај деца до 14 години е зголемен за дури 200 отсто, објавија хрватски медиуми.

Во Копривничко-крижевачката жупанија, бројот на самоубиства во 2017 година е зголемен за 94,4 отсто, додека во некои други е регистриран пад.

– Република Хрватска мора итно да изработи Национална стратегија за борба против самоубиства. Соседните држави веќе имаат таква стратегија и во таа мисла заостануваме зад нив, изјави претседателот на здружението Животна линија, Тин Понграц.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2018 18:33