Во одговорот, кој го објави на Фејсбук, Тачи нагласува дека „денес е непојмливо и неприфатливо некој да ги крши основните права и да не им дозволува на српските граѓани да ги посетуваат верските објекти, било во Ѓаковица, или каде и да е друго во Косово“.
Никогаш не сме биле поблиску до решение за косовското прашање, поради одлучноста на клучните луѓе во Белград и приштина да го решат тој проблем, оцени српскиот вицепремиер Расим Љајиќ.
Дополнително се зголеми бројот на загинати од катастрофалните пожари на 23 јули во областа Атика и според противпожарната служба на Грција, изнесува 97 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
По судир на туристички автобус со комбе, противпожарната служба на Грција, со употреба на скала преку прозорецот на автобусот спаси 50 лица (48 патници и двајца возачи).
Без електрична енергија од вчера е грчкиот остров Идра, а денеска, генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, Јоанис Тафилис прогласи вонредна состојба за итно да се санираат последиците од прекинот на струја, јави дописничката на МИА од Атина.
Новинарот на Телевизијата БН, Владимир Ковачевиќ синоќа е физички нападнат во Бања Лука, а поради здобиените повреди побарал медицинска помош.
Пратеничката на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) Фиторе Пацоли бара на косовскиот претседател Хашим Тачи да му се забрани да се врати во Косово, поради неговото залагање за поделба на земјата и размена на територии со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот премиер Еди Рама утре во Драч ќе биде домаќин на неформалниот состанок на премиерите од земјите на Западен Балкан, а на кој ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Во првата акција,запленети се 125 килограми во селото Лептокарија, кај Игуменица, при што уапсен е албански државјанин, а по проверката било утврдено дека било лице по кое трага полицијата.
Идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за „корекција“ на границата со Србија и неговите преговори со српскиот колега Александар Вучиќ за размена на територии значат поништување на независноста на Косово и водат кон крвава војна во регионот, смета пратеникот на владејачката Инцијатива за Косово (Нисма) Биљал Шерифи.