Како што јави дописничката на МИА од Атина, речиси 8-минутното обраќање на Ципрас до јавноста беше полно со симболика, поврзувајќи ја актуелната ситуација во Грција и она што земјата го помина во изминатите осум години на финансиската криза со патешествието на „Одисеја“ од Хомер за да стигне до неговата родна Итака.
Промени во владиниот кабинет подготвува Алексис Ципрас, според грчките медиуми, а реконструкцијата би можела да се случи во следните денови.
Видео снимено од безбедносна камера на куќа од почетокот и ширењето на катастрофалниот пожар во источниот дел на областа Атина објави денеска онлајн изданието на грчкиот весник „Катимерини“
Австрискиот весник „Стандард" објави дека и Европската унија, Русија, Кина, САД и Турција ја користат трговијата и политиката за да го консолидираат влијанието на Балканот.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај уште еднаш се спортивстави остро на најавите на претседателот на државата Хашим Тачи за корекција на границите со Србија, порачувајќи дека таквите обиди претставуваат национално предавство и дека „секој кој посакува поместување на границите треба да знае дека повикува на нова војна“.
Албанското Министерство за внатрешни работи, по информацијата на медиумите за извештајот на ЦИА и острите обвинувања на опозицискиот демократски лидер Љуљзим Баша, реагираше со соопштение во кое појаснува дека „веста објавена во медиумите е неточна“.
Лидерот на албанските опозициски демократи Љуљзим Баша, реагирајќи на последниот извештај на американската разузнавачка агенција ЦИА во кој се наведува дека Албанија останува клучна земја за перење пари, трговија со оружје, наркотици и мигранти, изјави дека „Албанците не заслужуваат премиер поврзан со организираниот криминал“.
Министерството за надворешни работи на Косово соопшти попладнево дека со Гана има мошне добри односи, кои бележат само напредок од самиот почеток на признавањето на косовската независност, јави дописникот на МИА од Приштина.
Село во западниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез беше евакуирано откако во близина избувна шумски пожар, кој почна да се приближува до семејните куќи, објави „Катимерини“.
Невладината Мрежа на жените на Косово по вчерашното, последно во низа, убиство на жена во Ѓаковица, ја обвини косовската полиција дека ги брани убијците на жени, јави дописникот на МИА од Приштина.