Албанската полиција по 12-часовна потрага утрово го уапси мажот, кој синоќа во селото Ресулај кај Валона, уби осум и рани шест негови роднини.
Националното единство би било идеално за Косово и за Албанија, изјави албанскиот принц Лека Зогу Втори во интервју за весникот„Диели“, предлагајќи нивно обединување во една монархија што би им „донела позитивни нешта на двете земји“.
Дваесет и четиригодишен маж синоќа околу 19 часот со автоматска пушка смртно застрела осум и рани уште шестмина членови од на неговото семејство во селото Ресулај, кај албанскиот приморски град Валона.
Повредата во грчко - руските односи е неопходно да се излекува колку е можно побргу со добро проучени, трезвени, а не со импулсивни постапки, изјави Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија во изјавата за последните случувања на релација Атина - Москва, јави дописничката на МИА од Атина.
Европската Комисија денеска одобри шест милиони евра поддршка за Босна и Херцеговина за справувањето со миграциските предизвици.
Шведскиот дипломат,Карл Билд,кој е добар познавач на работите на Балканот, не ја поддржува идејата за размена на теротории меѓу Косово и Србија.
Во соопштение под наслов „Давајќи му предност на националниот интерес: трезвено и стабилно“, Министерството за надворешни работи на Грција, реагира за одлуката на Москва да протера двајца грчки дипломати, но и детално и опширно ги коментира последните случувања во грчко – руските односи, јави дописничката на МИА од Атина.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека го подржува залагањето на претседателот Александар Вучиќ за разграничување на Косово и смета дека тоа е единственото можно решение.
Речиси два милиона граѓани ја посетија продавницата на Икеа во Србија за една година откако е отворена, соопшти денеска компанијата.
Делумно под контрола се ставени пожарите на грчките острови Андрос и Закинтос, додека пак за денеска Секретаријатот за цивилна заштита на Грција предупредува за зголемена опасност од нови пожари.