„Анкета - ПЈРМ: Водство на оние што би гласале „да“ на референдумот“; „Со 41.5% е во предност „да“ за прашањето за името на ПЈРМ, според анкета“; „Поделени граѓаните во ПЈРМ во пресрет на референдумот“; „Истражување – ПЈРМ: Водство од 6.5% за „да“ за Договорот од Преспа“; „Во Скопје, во водство е „да“, избори се можното сценарио“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.
Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика.
Црногорската Влада ги демантираше тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека црногорскиот премиер Душко Марковиќ, за време на престојот во Белград во 2017 година ветил дека Црна Гора ќе води сметка за интересите на Србија пред важните и значајни датуми.
Поранешниот албански претседател и премиер, и екс лидер на Демократската партија Сали Бериша, по неколкуденевен молок конечно му одговори на тешките обвинувања кои му ги упати косовскиот претседател Хашим Тачи, велејќи дека „Тачи настојува да си го исчисти лицето“.
Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од Западнонилска трска, од кои починале деветмина, соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на заложбите на претседателот на Косово, Хашим Тачи за корекции на границата со Србија, порачувајќи дека границите може да се променат единствено со војна, јави дописникот на МИА од Приштина.
Шефпт на косовската дипломатија Беџет Пацоли оцени дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе биде завршен до февруари следната година и ја повика германската канцеларка Ангела Меркел да се вклучи во решавање на проблемите во регионот.
Болката за загубените животи носи одговорност да преземеме дејства за никогаш повеќе да не доживееме таква трагедија, изјави грчкиот премиер Алекс Ципрас по завршувањето на состанокот со надлежните министри, по повод катастрофалните пожари од 23 јули и објави пакет од 20 итни мерки за справување со нелегалната урбанизација и дивоградбите.
Опозициското Движење Самоопределување (ВВ) најави дека е можно „да организира масовни протести“, со цел да го спречи косовскиот претседател Хашим Тачи „да ја реализира намерата за размена на територии со Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и да не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем.