Хрватската метеоролошка служба денеска, втор ден по ред, прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје - од Истра до границата со Црна Гора - и жолт аларм во околината на Осијек.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на барање на пратениците од Групата 6+, претставници на етничките малцинства во Собранието во Приштина, се дистанцира од навредите на заменик министерот за надворешни работи на Косово, Ѓерѓ Дедај упатени кон Турција, но и покрај тоа тој најверојатно ќе биде именуван за амбасадор во Македонија, тврди „Коха Диторе“.
Најмалку 15 лица се повредени во судар на воз и товарна машина во белградската населба Рипањ, јавија локалните медиуми.
Девет лица се повреден во пожар што избувна синоќа во белградската општина Земун.
Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер. Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири со два огнени фронта.
Албанскиот претседател Илир Мета, само неколку дена откако го врати непотпишан законот за „Националниот театар“ параф не стави на уште еден закон.
Албанскиот Институт за статистика во 2020 година ќе спроведе попис на населението, домаќинствата и земоделските стопанства,девет години по последната значјна статистичка операција.
Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо.
Српските медиуми денеска информираат дека во врвот на српската полиција направена е чистка на повеќе високи функционери и службеници.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај наложи од буџетски средства да му се исплатат 30-те тегли мед на еден производител, кому силниот ветар денеска му ги урна од тезгата и се искршија во центарот на Приштина, јави дописникот на МИА.