Ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење со цел да се обезбеди дека нема да има какви било назадувања во однос на напорите на Грција и на Република Македонија за нормализирање на односите кои ќе и го отворат патот за членство во НАТО, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.
Со свеќи во рацете и со едноминутен молк, тивко, мирно, Грци од сите возрасти се собраа синоќа на атинскиот плоштад Синтагма пред грчкиот Парламент и пред споменикот на незнајниот јунак за да им оддадат почит на жртвите од пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицијата од италијанскиот град Лече заплени 502 килограма марихуана, пристигната од Албанија, која доколку стигнела на нарко-пазарот би достигнала вредност од половина милион евра.
Две помали ајкули уловиле албанските рибари во водите на Јонско Море, кај Валона. Станува збор за ајкули со помала големина кои се уловени во близина на местото Луков.
Со свеќите формираа срце, а во него бројките 23 и 7 односно датумот на катастрофалните пожари-23 јули, во кои загинаа 91 лице а 25 се водат за исчезнати.
„Едно извини од нас, до сите вас таму горе“ е настанот организиран преку социјалните мрежи од поранешниот грчки кошаркар Јанис Гагалудис кој ги повикува граѓаните вечерва во 21 часот со свеќи во рацете мирно и тивко да се соберат на плоштадот Синтагма во центарот на Атина за да им оддадат почит на жртвите во катастрофалните пожари.
Мултинационалната воена вежба „Платинест лав 18" започна денеска, на полигонот за обука во Ново Село, Бугарија, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Македонците од општина Пустец, Мала Преспа, го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец.
Владата на Хрватска донесе Одлука за прогласување Ден на национална жалост поради смртта на Оливер Драгојевиќ што ќе биде во вторник на 31 јули.
Грчката полиција за една седмица приведе десетици имигранти откако се обиделе да патуваат во други европски земји со лажни пасоши или лични карти.