Во албанското пристаниште Драч претпладнево забележан е рекорден број патници, главно пчелбари, кои со траекти доаѓаат во родниот крај.
Царската коњушарница во Софија, голем комплекс во центарот на градот кој датира од времето на бугарскиот цар Фердинанд, изгоре ноќеска во голем пожар
Адвокатската комора на Србија им наложи на сите адвокати од утре да престанат со работа, во знак на протест поради убиството на познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, кој вчера вечер беше застрелан пред влезот на неговата зграда во Белград.
Косовскиот министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека поделбата на Косово и размената на територии со Србија би претставувало газење врз суверенитетот на земјата и дека никој во Косово не сака ниту да размислува за таква дебата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Белград вечерва е убиен познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, а според локалните медиуми, во нападот, кој е извршен пред влезот на зградата во која живее, бил повреден и неговиот 26-годишен син.
- Време е не само да кажеме „оставка“ туку и предвремени избори, изјави Сергеј Станишев, лидер на пан-европската Социјалистичка партија и поранешен водач на бугарските социјалисти. „Не се живее со 200 лева“, додаде претседателкат на БСП Корнелија Нинова.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека САД имаат нов, конструктивен пристап кон решавањето на косовското прашање, за кој рече дека претставува значителна промена од досегашниот став.
Лидерот на српската опозициска Народна странка (НС) Вук Јеремиќ денеска ја почна акцијата на собирање на потписи на граѓаните против договорот со кој Србија би овозможила прием на Косово во Обединетите нации.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Грција побара помош преку Европскиот механизам за цивилна заштита. Дел од земјите понудија помош преку Унијата, дел на билатерално ниво, како што е случајот со Македонија.
Во центарот на Белград, зад црквата Свети Марко на Ташмајдан, денеска е откриена голема количина на експлозивни направи и муниција.