Дополнително се зголеми бројот на загинати во пожарите што го зафатија источниот дел на областа Атика во Грција и според последното соопштение од грчката противпожарна служба, вкупно 82 лица го загубија животот.
За секој мигрант спасен на море Европската комисија ќе и даде на државата што ќе одлучи да го прифати шест илјади евра. Хрватска ја одбила таквата понуда на Брисел, објави загрепски Вечерњи лист.
Колку повеќе се одложува решавањето на косовското прашање, секој нов предлог ќе биде полош и порадикален за Србија, изјави денеска потпретседателот на српската Влада и министер за трговија и туризам Расим Љајиќ.
Во конкуренција на Александар Вучиќ, Зоран Ѓинѓиќ, Слободан Милошевиќ, Никола Пашиќ, Борис Тадиќ и Воислав Коштуница, мнозинството Србија својот глас би го дале за Јосип Броз Тито, покажува анкетата направена за потребите на белградски „Недељник“.
Со гневот, очајот и солзите на неколку граѓани се соочи министерот за одбрана на Грција и коалиционен партнер во грчката влада, Панос Каменос, при неговата посета рано утрово на населбите погодени од катастрофалниот пожар, јави дописничката на МИА од Атина.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дала зелено светло за опцијата за поделба на Косово, објави приштинска Газета експрес повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.
Во хуманитарната акција на општините, невладините организации, доброволците и граѓаните од цела Грција, за собирање храна, лекови и облека за помош на погодените од пожарите во источниот дел на областа Атика, собрани се потребните количини.
Можев да одам да си го спасам домот, но останав таму каде што требаше да останам, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина, Евангелос Бурнус, градоначалникот на Рафина, кој од првиот момент, заедно со вработените во општината помагаше во гаснењето на шумскиот пожар
Српскиот претседател Александар Вучиќ во почетокот на септември би требало да престојува на Косово, објави Блиц. Тоа било договорено вчера на состанок на претседателот на Србија и на претставници на Србите од југ, север и централниот дел од Косово.
На 81 се искачи бројот на загинати во пожарите во Грција, а и понатаму е непознато колку лица се исчезнати, соопштија доцна синоќа од противпожарната служба на Грција. Според портпаролот на грчката влада, хоспитализирани се 60 возрасни лица, од кои 11 се во критична состојба и 4 деца, вон животна опасност.