Во присуство на шефот на грчката дипломатија и неговите заменици, американскиот амбасадор во Атина, професори, амбасадори, новинари, во грчкото МНР се дискутира за Договорот од Преспа, но не од политички, туку од правен и академски аспект, јави дописничката на МИА од Атина.
Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо минатата седмица ја помина во луксузното грчко одморалиште Коста Наварино, а при заминувањето остави великодушен бакшиш од 20.000 евра за персоналот, кој бил задолжен да го опслужува само него во хотелот.
Владата на Црна Гора, реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека е горда на својата традиција и мирнодопска политика и оти Црна Гора придонесува за мирот и стабилноста во Европа и во целиот свет. Официјална Подгорица истакна и дека пријателството и сојузништвото со САД се силни и трајни.
Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуричќ изјави денеска дека Србија мора да биде свесна за последиците доколку не се постигне договор со Приштина, а тоа би било враќање на Србија и регионот во судири.
Словенечкото Министерство за животна средина предложи отстрел на 200 мечки и 11 волци во обид да се избори со нивната зголемена популација.
Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ денеска најави дека ќе побара итен состанок со ресорните министри на Македонија и БиХ по повод одлуката на Косово за зголемување на царините за 30 отсто за увоз на одредени видови овошје, зеленчук и пченка.
Словенечките болници од денеска може да вработуваат лекари специјалисти од трети држави што не се членки на Европската унија, но најмногу до една година и со одобрение од Министерството за здравство.
Релативниот победник на парламентарните избори во Словенија, Јанез Јанша го информираше претседателот дека нема доволно поддршка за формирање влада.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-кИтаровиќ, која е во дводневна посета на Албанија, денеска од парламентарната говорница во Тирана порача дека Хрватите и Албанците „буквално се браќа по оружје“, како и дека голем број Албанци го жртвувале животот за Хрватска.
Од 2012 година, Грција дала 5.000 „златни визи“ на странци кои инвестирале во недвижности во вредност од над 250.000 евра, јави агенцијата АНА.