Собранието на албанските советници од трите општини на југот на Србија, Бујановац, Прешево и Медвеѓа, на денешната седница усвоија Политичка декларација, со која бараат од косовски институции и од властите во Белград, во дијалогот за нормализирање на односите, да се вклучи и статусот на Албанците од Прешевската долина.
Да не е конструктивната политика на Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ, кој знае што се би можело да се случи на Балканот, изјави за телевизија „Пинк“ Горан Весиќ, висок функционер на владејачката СНС и заменик на градоначалникот на Белград.
Албанската полиција синоќа приведе девет лица,активисти на т.н. „Република Чамарија“.
Со договорот што Грција и Албанија треба да го потпишат за определување на морската граница, Атина добива 12 милји од албанските територијални води во Јонско Море, тврдат медиумите во Тирана.
Словенечката Влада соопшти дека денеска пред Европскиот суд на правдата во Луксембург поднела тужба против Хрватска поради неспроведување на одлуката на арбитражата за нивната меѓусебна поморска граница во Пиранскиот Залив.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска побара од членките на ЕУ да не ги блокираат процесите на пристапните преговори на земјите кандидати за членство во Унијата од Западен Балкан.
Руското Министерство за надворешни работи сооптши дека ресорниот министер Сергеј Лавров засега не планриа да ја откаже есенската посета на Грција и покрај одлуката на Атина да протера двајца руски дипломати и да им забрани влез на уште двајца.
Советот на директори на Европскиот механизан за стабилност (ЕСМ) одобри исплата на последната транша од програмата за спас на Грција.
Специјалниот суд во Белград денеска ги ослободи поранешните припадници на Единицата за специјални операции (ЈСО), кои беа обвинети за „организирање вооружен бунт“ во 2001 година.
Под наслов „Договорот од Преспа е голема дипломатска победа и голема историска шанса“, во траење од нешто повеќе од 100 секунди, од кабинетот на грчкиот премиер откриваат како беше закажана средбата од двете страни на Преспанското езеро, јави дописничката на МИА од Атина.