Запрашан од телевизијата КТВ кога точно ќе се случи тоа, Хан одговори дека тој заминува на одмор на 25 јули.
Верувам дека европската перспектива на Западниот Балкан сега е појасна како никогаш досега, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на денешниот Самит за Западен Балкан во Лондон.
Главен приоритет на грчкиот премиер Алексис Ципрас на претстојниот Самит на НАТО ќе биде прашањето за двајцата грчки војници, кои веќе четири месеци се неоѓаат во притвор во Турција, откако залутаа на турска територија, соопшти портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.
Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас денес учествуваат на состанокот во Лондон во рамките на „Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан“, но за сега не постои информација за нивна можна средба.
Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан одлуката за финансиска поддршка за подготовка на техничка документација за овие два проекти, ја има донесено на предлог на ова Министерството.
Петмината косовски Срби кои беа уапсени во денешната акција на полицијата во Гњилане, попладнево се ослободени, откако се интервјуирани во полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Доколку петмината уапсени Срби во општина Гњилане до вечерва не бидат ослободени, дијалог меѓу Белград и Приштина „нема да има и нема да го биде долго време“, порача денеска во Белград на вонредна прес конфернеција директорот на владината Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
Поранешниот албански претседател и екс премиер, Сали Бериша, денешниот ден го нарече ден на национална жалост, поради тоа што „премиерот Еди Рама во Лондон и отстапил на Грција дел од морето“.
Истражувањето спроведено од Советот за регионална соработка во рамки на Барометарот за јавното мислење во балканските земји, речиси половина од албанските граѓани сакаат да ја напуштат земјата.
Косовската полиција денеска соопшти дека во околината Гнилане биле уапсени пет лица осомничени за учество во активностите против уставниот поредок и безбедноста.