Вчерашната изјава на македонскиот премиер пред новите 125 професионални војници на АРМ кога говореше за македонски војници и македонска армија, предизвика реакции во Грција, како кај медиумите, така и кај политичарите.
Грчка второстепена комисија за азил му одобри азил на уште еден, трет по ред, турски офицер од групата од вкупно осум офицери кои пребегаа во Грција за време на неуспешниот државен удар во Турција во 2016 година.
Агенцијата за борба против корупцијата на Косово најави дека ќе ги преземе потребните законски дејствија во врска со одлуката на Владата за зголемување на платите на премиерот Рамуш Харадинај, на министрите и други високи владини функционери, јави дописникот на МИА од Приштина.
Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Црна Гора. Епицентарот на земјотресот бил на подрачјето на Цетиње, на длабочина од 18 клометри.
Српскиот претседател Александара Вучиќ на прес конференцијата по состанокот на „Балканската четворка“ во Солун со премиерите на Грција, Бугарија и Романија изјави дека во услови кога ЕУ не делува секогаш единствено, овие четири земји делуваат единствено и ги решаваат проблемите на овој дел од Балканот.
Пред една година можеби беше незамисливо дека ќе се постигне, но сега историскиот Договор од Преспа е факт и дава нова перспектива за регионот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас по завршувањето на квадрилатералната средба во Солун, со премиерите на Бугарија и Романија и претседателот на Србија.
Лидерите на балканската „четворка“ - Бугарија, Грција, Романија и Србија на синоќешната средба во Солун договорија создавање на заеднички транспортен прстен со кој би се овозможило олеснување на транспортот низ четирите земји.
Кога и доколку дојде време, ќе разговараме за предлогот на Каменос во врска со 180 гласови за ратификацијата. Кога ќе дојде тој момент ќе ги разгледаме сите технички детали и ќе донесеме одлука, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, таков исход очекуваат 61 отсто од анкетиираните, додека останатите 39 отсто сметаат дека Србија нема да го признае Косово.
Албанскиот претседател Илир Мета испрати честитка до неговиот американски колега Доналд Трап, по повод 4 јули - Денот на неависноста на САД, во која повика на поголемо американско присуство на Балканот.