Српскиот претседател Александар Вучиќ, најверојатно, ќе се состане повторно во Брисел за две недели со косовскиот претседател Хашим Тачи, објави Блиц.Весникот наведува дека таа информација им била потврдена во Кабинетот на претседателот Вучиќ.
Со палки, дрва, мермер и камења маскираните лица ја нападнаа полицијата која во голем број го обезбедуваше објектот. Групата успеа да ja откорне и метална врата, додека пак полицијата одговори со употреба на солзавец.
Бугарија утре пред Советот на ЕУ ќе предложи Македонија и Албанија да бидат поканети да започнат преговори за влез во Европската Унија. Позицијата на Македонија е посилна од онаа на Албанија, истакна денеска вицепремиерката на Бугарија Екатерина Захариева.
„Македонското прашање: придобивките од договорот и перспективите на Балканот“ е насловот на политичкиот настан-дискусија што вечер го организираат од огранокот на СИРИЗА во Солун.
Регионалната стабилност и мирот се високо во приоритетите на Владата и токму затоа активно работиме на безбедносната соработка. Ова е особено важно бидејќи новите безбедносни предизвици најчесто ги надминуваат капацитетите на една држава.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија упатува апел до сите да сфатат дека постојат проблеми со двете земји, но проблемите можат поефективно да се решат преку мониторинг и скрининг.
Во најголемото албанско пристаниште Драч, запленети се три милиони и 470 илјади евра откриени во два автомобила,при влез во Албанија.
Новиот премиер на Шпанија, му честитал на неговиот грчки колега за постигнатиот договор со Македонија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик тврди дека британски шпиони го прислушкуваат државниот врв на Србија и на РС, српскиот претседател Александар Вучиќ и него.
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез.