Федералната унија на европските малцинства-ФУЕН (Federal Union of European Nationalities) на 63-от Конгрес што се одржува во Леуварден, Холандија, едногласно усвои Резолуција предложена од македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана.
Министерството за надворешни работи во Тирана, попладнево индиректно ги отфрли информациите дека е финализиран договорт со Грција за морската границата, соопштувајќи го текот на последната рунда разговори.
Албански имам од џамијата во севериот град Скадар побара од верниците да се молат за победа на Реџеп Тајип Ердоагн, кого го нарекол „нашиот спасител“.
Претседателот на Република Српска Милорад Додик ја обвини Британија дека се обидува да ја дестабилизира Босна, и дека за таа цел испратила експерти во Бања Лука.
Претседателот на македонско друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај, кој учествува на 63 Конгрес на Унијата на европските националности, ФУЕН учестуваше на работниот состанок на групата на словенските малциства, членки на Унијата.
Американска компанија изразила интерес за купување на уделот што унгарски МОЛ го има во хрватската нафтена компанија ИНА, јавува „Јутарњи Лист“.
Пано, да знаеш, имаме уште пат пред нас. Имаме уште многу битки, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, обраќајќи му се на неговиот коалиционен партнер Панос Каменос, во излагањето пред пратеничките групи на СИРИЗА и Независни Грци.
Малку ми е тешко, но ќе се навикнам, рече грчкиот премиер, кој си го одржа ветувањето и со црвена вратоврска се појави пред пратениците на коалиционите партнери СИРИЗА и Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер веројатно ќе треба да го исполни старото ветување дека вратоврска ќе стави само доколку и кога ќе се најде решение за грчкиот долг и земјата ќе излезе од кризата.
Во недела ќе бидат потпишани од шефот на грчката дипломатија, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО, дека Грција нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија.