Европската комисија ќе остане неутрална и нема да и се придружи на Словенија во најавената тужба против Хрватска пред Судот на ЕУ поради неспроведување арбитражна пресуда за границата, потврди портпарол на ЕК.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти денеска дека бројот на мигранти што се движат преку Балканот е во пораст и дека им е потребна основна хуманитарна поддршка.
Како и во изминатите денови, македонско – грчкиот Договор и понатаму е во фокусот на медиумите, политичарите и општеството во Грција.
Решение на името што нема да шири иредентизам и уставна ревизија се предусловите за напредок на Македонија кон НАТО и ЕУ, според грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Заменик претеседателот на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК) Реџеп Хоти смета дека поделбата на Косово не е опција, а кога би дошло до такво нешто тоа не може да се случи без Косово да го земе Санџак и Прешевската долина во јужна Србија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Договор без компромис има само во време на војна, со соседната земја не сме во војна, пријатели сме, истите оние што сега протестираат во Грција, ги пречекуваат соседите како клиенти и муштерии и тогаш не им пречат, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.
Во стан во северниот дел на Атина рано утрово е уапсен пратеникот Константинос Барбарусис, по кој полицијата трагаше од петокот, откако успеа да им побегне на полициајците со службениот автомобил движејќи се со брзина од 180 километри на час.
- На состанокот на Советот ќе се расправа за темата проширување. Ако Советот даде зелено светло, решението може да биде потврдено на состанокот на Европскиот совет на 29 и 30 јуни, рече Захариева во интервју за бугарската Нова ТВ.
Продолжувањето на дијалогот меѓу Приштина и Белград без да се третира Договорот за енергетика, за Владата на Косово претставува „отежнат и безполезен процес“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Од еден милион демонстранти, дојдовме на 100 илјади и сега на четири илјади. Ова покажува дека грчкиот народ ги крши стереотипите, рече Никос Коѕијас, коментирајќи ги вчерашните протести во близина на Преспа.