Тажен и срамен ден за Грција, бил вчерашниот според Нова демократија и поради инцидентите во близина на Преспа и поради потпишаниот договор.
Климата беше многу добра на ручекот со Заев, речиси како на свадба, бил коментарот на Алексис Ципрас, според грчките медиуми, во однос на ручекот на двајцата премиери што вчера се одржа во Отешево, веднаш по потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција.
Црна Гора се соочува со загрижувачка ситуација на пораст на бројот на илегални мигранти, кои од Грција преку Албанија пристигнуваат на нејзина територија, изјави црогорскиот премиер Душко Марковиќ
Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името, и очекува отворање преговори за членство во Европската унија.
Официјална Тирана го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција,оценувајќи го како нова страница за добрососедство.
Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави договорот кој денеска го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.
Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека неговата земја направила се што се бара од неа за започнување преговори за членство во ЕУ и не може да сфати зошто препораката на Еврпската комисија не е задолжителна за земјите-членки на Унијата.
Албанската полиција во Тирана го уапси Арсение Становиќ, по кого црногорската полиција имаше распишано потерница,под сомнение дека ја убил украинската милионерка Анастасија Лашманова.
Потпишан историскиот договор, со што е ставен крај на долгогодоишниот спор околу името, а со кој Македонија сега се вика Република Северна Македонија, ова е оценката на албанските медиуми, кои сите, без исклучок, отстапија простор околу потпишувањето на договорот.
Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“).