Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини, одговорајќи на новинарско прашање за идејата да се отворат кампови за бегалци на Балканот, порача дека ЕУ треба да работи со постојниот модел.
Одлуката, како што и се најавуваше, за гласање недоверба на грчката влада, од собраниската говорница ја соопшти Кирјакос Мицотакис за време на расправата за новиот нацрт закон што се однесува на среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022.
Бугарија е многу загрижена од ескалацијата во Македонија во врска со договорот за новото име на државата, рече бугарскиот претседател Румен Радев на денешната прес-конференција во Софија по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Беџет Пацоли и натаму е најбогатиот политичар во Косово, со пријавен имот и парични средства во вредност од над 600 милиони евра, јави дописникот на МИА од Приштина.
Постоењето македонски јазик и македонска националност во договорот меѓу Македонија и Грција се главните забелешки од грчките опозициски партии кај јужниот сосед, откако беше постигнато решение меѓу двете земји.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли објави дека добил потврда дека неговата земја е влезена во агендата за зачленување во Интерпол, на собрание што ќе се одржи во ноември во Дубаи, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Српската полиција распиша потерница по новинарот Стефан Цветковиќ откако било пронајдено неговото напуштено возило.
Доколку во ревизијата на Уставот се вклучи и прилагодување на националноста и јазикот согласно со новото име и доколку поканата за интеграција во НАТО се достави по завршувањето на процесот, тогаш договорот би можел да биде прифатен, вели лидерката на Движењето за промена, Фофи Генимата
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети порача дека нема да има национално обединување на Албанците во една држава, туку дека тие треба да ги јакнат државите во кои живеат и заедно да се интегрираат во Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Приштина.
За постигнатиот договор со Македонија, утре наутро во 10 часот по локално време, грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе го извести грчкиот парламент на седница закажана по негово барање.