Потребно е многу повеќе да се направи за да може косовските безбедносни сили да се трансформираат во армија, изјави командантот на КФОР, италијанскиот генерал Салваторе Куочи.
Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.
Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас денеска најави нова офанзива околу нерешените прашања со Албанија, нагласувајќи дека нема да замине на одмор без да ги реши овие прашања.
Површинската температура на морето во моментот е за три до четири степени повисока во однос на просекот за првата половина на јуни, при што во Сплит и Пула биле измерени 26 степени Целзиусови.
На средбата било разговарано за заеднички активности за изградба на дополнителни капацитети за транспорт на гас и можностите за приклучување кон гасоводот „Турски поток“.
Невреме проследено со силен ветер, пороен дожд и на места со врнежи од град, поладнево ја зафати западна Србија, предизвикувајќи големи штети.
Договорот за решавање на долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција може да претставува поттик и за другите земји од Балканот да ги решат нивните меѓусебни проблеми, изјави денеска словенечкиот премиер Борут Пахор.
На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“.
Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организаторите на протестите низ цела Грција за „одбрана на името Македонија“, преку социјалните мрежи и преку грчките медиуми најавува дека на денот кога Македонија и Грција ќе го потпишат договорот во Преспа, тие ќе одржат протест.