Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Приштина Наталија Апостолова упати критики на сметка на Владата на Рамуш Харадинај, поради доцнење во исополнувањето обврски од европската агенда, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот претседател Илир Мета го поздрави договорот за спорот со името постигнат меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, оценувајќи го истиот како историски.
Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава.
Во Нова Пазова денеска е отворен логистички центар на компанијта „Лидл“. Претставници на германскиот трговски ланец најавија дека до крајот на годинава ќе отворат дваесетина продавници во Србија, за што е објавен конкурс за вработување околу илјада продавачи.
Грчкиот претседател изјави дека договорот е добар и ги вклучува барањата за ерга омнес и уставна ревизија.
Договорот е добар, опозицијата е лоша, напиша на неговиот Твитер профил, шефот на грчката дипломатија коментирајќи го ставот на Мицотакис, кој како што веќе објави МИА, рече дека договорот е лош и го повика Ципрас да не го потпише.
Косовските претседател и премиер Хашим Тачи и Рамуш Харадинај им честитаа на Атина и Скопје за постигнатиот договор за името на Македонија, јави Танјуг.
Албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, го поздравија постигнатиот договорот помеѓу Македонија и Грција за спорот за името.
Решението што е договорено е лош договор и е спротивно на ставот на мнозинството Грци, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис во изјава за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција.
Министерството за надворешни работи на Бугарија го поздрави постигнатиот договор меѓу владите на Македонија и на Грција за прашањето за името.