Ние јасно изјавивме дека преговараме врз основа на четирите имиња предложени од ОН, конкретно пакетот предлози од Нимиц, рече Алексис Ципрас од грчкиот Парламент.
Кинеската Влада е подготвена да стимулира стратешки инвестиции на кинеските компании во Бугарија, земјите од Западнот Балкан и во Централна и Источна Европа, изјави министерот за надворешни работи на Кина, Ванг Ји.
Стратешките интереси на Република Македонија за влез во унијата, фактот дека Македонија предолго чека пред вратата на ЕУ, но и надежта дека Грција конечно ќе даде зелено светло за македонската интеграција, ги истакна македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов.
Американската администрација не врши притисок, туку се интересира за решение кон кое водат преговорите за името и кои се потешките точки, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕјас на брифинг со грчките дописници во САД.
Зачленувањето на Косово во Интерпол претеставува еден од приоритетите на актуелната косовска Влада и за таа цел се мобилизираат министерствата за изготвување стратегија за лобирање, јави дописникот на МИА од Приштина.
Германската централна банка, Бундесбанк смета дека не се потребни мерки за олеснување на грчкиот долг и дека попрво е потребен надзор на Грција за преодниот период по излегување на земјата од програмата за финансиска помош, чиј рок истекува во август.
Предлогот Република Илинденска Македонија не изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран. Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот.
Во однос на тоа дека ако не се реши прашањето со уставната ревизија, договорот нема да дојде во грчкиот Парламент. Со Каменос немаме различни позиции, вели алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Со изјавата дека нема да има решение во разговорите за името Панос Каменос ги поткопува преговорите што се во тек, смета одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
Европската унија нема сила за нов бран проширување и не може да се дозволи прием на земјите од Западниот Балкан, бидејќи тие ќе донесат голем број ризици, како национализам, фалични правни држави и општества кои ќе ги трошат парите на другите.