Претставници од Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид.
- Денешната влада преговара за името на ПЈРМ со единствен критерум, националниот интерес и со поставени два јасни услови за да ја обезбеди националната линија.
За време на говорот на Рама петмина млади Албанци истакнаа фотографии од министрите за внатрешни работи на Италија и Албанија, Марко Минити и Фатмир Џафај, и парола „Еди Рама – интелектуалец во Европа, диктатор во Албанија“.
Нова демократија не се согласува со тоа што владата, според натписите во медиумте, однапред дава зелено светло за датум за отпочнување пристапни преговори со ЕУ и интеграција во НАТО и на рати да го добие прилагодувањето на полето на ерга омнес.
Воздржан оптимизам за можноста за решение во пресрет на средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, изразува грчкиот алтернативен министер за надворешн работи, Јоргос Катругалос во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Авдулах Хоти изјави дека владејачката коалиција го изгубила мнозинството во косовското Собрание и нема здрава логика опозициските партии да изигруваат „нормална опозиција“.
Претседателката на српското Собрание Маја Гојковиќ денеска изјави дека очекува до крајот на неделата да заврши собраниската расправата и пратениците да ја усвојат одлуката за формирање на Комисија за истрага на последиците од нападите на НАТО на Србија во 1999 година.
Од Приштина би можело да се бара да го смени Уставот, за да може да излезе во пресрет на конечен договор со Белград, пишува денешното издание на „Коха диторе“.
Коалицискиот партнер во грчката влада, Независни Грци, чиј лидер е министерот за одбрана Панос Каменос, не отстапува од позицијата против име за нашата земја во кое би бил вклучен терминот Македонија.
Жан Клод Јункер и Федерика Могерини, се чини, ја поддржуваат потребата евентуалниот договор за името во грчкиот Парламент да биде изгласан со зголемено мнозинство, пишува грчкиот весник „Авги“.