На промоција на книгата „Курбан“ на албанскиот премиер Еди Рама во Италија се случи инцидент.

За време на говорот на Рама петмина млади Албанци истакнаа фотографии од министрите за внатрешни работи на Италија и Албанија, Марко Минити и Фатмир Џафај, и парола „Еди Рама – интелектуалец во Европа, диктатор во Албанија“.

Протесот, според албанските медиуми, посебно бил насочен и против актуелниот министер за внатрешни работи на Албанија, чиј брат Агрон Џафај е осуден во Италија на 7, 5 години затвор за шверц на дрога.

Пред два дена албанската опозиција побара од Рама да го разреши од функцијата министерот за внатрешни работи поради апсењето на брат му.

Опозицијата исто така смета дека Џафај е тој што ја стопира екстрадицијата на брат му од Италија.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2018 13:41