Хрватските инспектори казниле шестмина рибари од Копар и Изола во Пиранскиот залив, а на еден од нив казната во висина од 28.000 евра му е испратена по пошта, јави телевизија Словенија.
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска нагласи дека Европската комисија со Стратегијата за проширување нацртала јасен пат кон посилна и поширока Унија.
На поранешниот сопственик и основач на Агрокор Ивица Тодориќ му се блокирани 64,4 милиони евра во четири држави, а претстојот во Лондон го финансира со средства од продажбата на семејната куќа на неговата сопруга.
Шпанија ставила вето на нацрт декларацијата за Самитот ЕУ-Зпаден Балкан во Софија бидејќи премиерот Маријано Рахој не сака неговиот потпис да се најде на документ заедно со потписот на косовскиот премиер, објави „Ел Паис“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе престојува во Букурешт, каде ќе учествува на состанокот на Високиот совет за соработка на Србија, Грција, Бугарија и Романија.
Црна Гора има 64 милионери, но тие не плаќаат данок на своето богатство. Голем број иницијативи до Владата да воведе дополнителен данок на луксуз останаа без одговор.
Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја оцени како „избрзана и нервозна" одлуката за министерот за одбрана Александар Вулин дека не е добредојден во Хрватска, додавајќи дека не ја разбира.
Договорот треба да биде комплетен, целосен и конечен и да ја разликува соседната земја од Македонија, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија во интервју за весникот „Real News“.
Во Брдо крај Крањ денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот на соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП).