На поранешниот сопственик и основач на Агрокор Ивица Тодориќ му се блокирани 64,4 милиони евра во четири држави, а претстојот во Лондон го финансира со средства од продажбата на семејната куќа на неговата сопруга.

На Тодориќ средства му се блокирани во Хрватска, Велика Британија, Холандија и Канада.

Неговата сопруга ја продала семејната куќа за 250 илјади евра и тие пари ги донела и пријавила во Велика Британија. Средствата биле наменети за плажање на кауцијата на Тодориќ од 100 илјади фунти и за животни трошоци во Лондон.

Британски суд денеска одобри ектрадиција на основачот на Агрокор, за да биде суден за злоупотреби од над 110 милиони евра. Тодориќ има седумдневен рок за обжалување на одлуката.

Судот одлучи дека тој не мора да остане во притвор, но мора секој ден да се пријавува во полиција.

– Основачот на Агрокор Ивица Тодориќ ќе остане на слобода со построги мерки на претпазливост се до правосилна одлука за испорачување во Хрватска, соопшти судијката од Вестминистерскиот суд Ема Ербутнот.

Сопственикот на Агрокор и 14 други осомничени се под истрага во Хрватска во врска со фингирање податоци во компанијата, која е најголема приватна фирма во Западен Балкан, со околу 60.000 вработени.

Тој ги отфрла обвиненија за злоупотреби и изјави дека тие се политички мотовирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2018 22:49